Mikelandželo Buonaroti (makedonski) - Vrsta: Seminarski | Broj strana: 14 | Nivo: Filozofski fakultet/istorija na umetnost
Ovo je pregled DELA TEKSTA
rada na temu "Mikelandželo Buonaroti (makedonski)".
Rad ima 14 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči
izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je
samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja.
Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U
tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Univerzitet sv. Kiril i Metodij
Filozofski fakultet
Istorija na umetnost so arheologija
Seminarski trud
po predmetot
Западноевропска уметност на новиот век 1
Тема:
Dелoto на Микеланџело Буонароти
Ментор Изработил
Prof. d-r Tatijana Filipovska Panzov Dimitar
20511\06
Скулпторски дела на Микеланџело Буонароти
Микеланџело ди Лудовико Буонароти Симони, познат како Микеланџело, е
италијански ренесансен уметник, претставник на фирентинската школа, кој во
својот долг живот и долготрајна уметничка кариера, успеал да се занимава со
сите три уметнички дисциплини: сликарство, скулптура и архитектура.
Истовремено, не ги изоставил и духовните дисциплини како поезијата и
филозофијата во која ке го поддржува неоплатонистичкото учење. Роден e на 6
март 1475 год во Карпезе, Тоскана, како втор син на Лудовико Буонароти и
Франческа ди Нери Миниато дел Сера. Поголемиот дел од животот го поминал во
Фиренца и Рим, каде работeл главно по нарачка на папата и на фамилијата Медичи.
Дека уште во своето време бил исклучително ценет, зборува фактот што тој е
првиот западен уметник чија биографија била објавена додека тој е сеуште жив.
Имено постојат две биографии, едната напишана од Џорзо Вазари објавена 1550
година, а другата пак напишана од помошникот на Микеланџело, Асканио Кондиви во
1553 година.1
На десетгодишна возраст, го запишале во школо за граматика во Урбино, Фиренца,
каде останал во наредните три години, за подоцна, во 1488 година, кога имал 13
години, да биде примен во работилницата на тогаш познатиот и перспективен
фирентински сликар Доменико Гирландајо. Како и сите ученици и Микеланџело
својата уметничка вештина и талент ги развивал преку копирање на делата на
учителот како и раноренесансните фрески создадени од големите мајстори, како
што се Џото и Мазачо. Сепак, тврдејќи дека нема што да научи од својот учител
Гирландајо, Микеланџело ја напуштил работилницата по само една година.
Талентираниот Микеланџело набрзо бил повикан од Лоренцо ди Медичи, познат и
како Лоренцо Величествениот, да се придружи на групата уметници предводена од
Бертолд ди Џовани, еден од многубројните ученици на големиот скулптор Донатело,
кој бил задолжен за чување и одржување на колекциите, но истовремено бил и
учител по сликарство и скулптура во дворот на Медичи. Тука тој имал можност да
ги изучува антички збирки на Медичиеви и одблиску да ги погледа оригиналите на
Мазачо.
Од овој период е и првото познато дело на Микеланџело, плиткиот релјеф Мадона
на скалите, настанато најверојатно околу 1491 година, односно пред
изработувањето на Битката на Кентаурите.2
Богородица ја претставил во профил, седната на камен блок, притоа се одлучил да
не го покажува ликот на малиот Христос, кој е свртен со грб и нурнат во
облеката на мајка си. Две од прикажаните четири дечиња танцуваат, а другите две
растегнуваат плашт зад Богородица, која пак е смирена и достоинствена,
благословена со состојба на духовен мир.
...
----------
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- www.maturski.org
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!